Тринаесет мостови на автопатот од Велес до Катланово се реконструираат со пари обезбедени од НАТО преку Проектот за обнова на мостовите во Македонија. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, вчера беше во обиколка на мостовите и се увери дека активностите за обнова на мостовите предвидени со третата фаза од проектот, што почна во ноември лани, се одвиваат согласно планираната динамика. Моментно се работи на реконструкција на три од планираните 13 мостови. Ова е првиот мост што се реконструира. Градежните работи се одвиваат согласно динамиката. Комплетната реконструкција треба да заврши до септември 2015 година, а вкупната инвестиција е 8,6 милиони евра - изјави Јанакиески. Во соработка со НАТО претходно со првата и втората фаза од проектот беа реконструирани 51 мост со должина од 4.090 метри, со инвестиција од 23 милиони евра.
Тринаесет мостови на автопатот од Велес до Катланово се реконструираат со пари обезбедени од НАТО преку Проектот за обнова на мостовите во Македонија. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, вчера беше во обиколка на мостовите и се увери дека активностите за обнова на мостовите предвидени со третата фаза од проектот, што почна во ноември лани, се одвиваат согласно планираната динамика.
- Моментно се работи на реконструкција на три од планираните 13 мостови. Ова е првиот мост што се реконструира. Градежните работи се одвиваат согласно динамиката. Комплетната реконструкција треба да заврши до септември 2015 година, а вкупната инвестиција е 8,6 милиони евра - изјави Јанакиески.
Во соработка со НАТО претходно со првата и втората фаза од проектот беа реконструирани 51 мост со должина од 4.090 метри, со инвестиција од 23 милиони евра.
Градежните работи за зајакнувањето на мостовите предвидени со третата фаза ги изведува француската фирма "Фресине", а надзорот на изградбата е доделена на ИРД Инженеринг СРЛ. Основниот проект го изработи Градежниот факултет Скопје.
Инаку, обновата на асфалтот на оваа делница ќе почне кон средината на годинава и како што рече Јанакиески, во финална фаза е изборот на градежна компанија и надзор.
- Очекуваме кон средината на оваа година да почнат градежните активности. Се планира обнова на 23,5 километри од автопатската делница Велес-Катланово, а проценетата вредност на градежните работи е околу 8 милиони евра. На јавниот повик беа пријавени три компании, а извештајот од извршената евалуација е испратен до Делегацијата на ЕУ - потенцира Јанакиески.